Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 3

:
Macedonian - 2006
1 И почна Соломон да го гради домот Господов во Ерусалим, на гората Морија, која му ја определи Господ на татко му Давид, на она место, што го беше подготвил Давид, врз гумното на Јевусиецот Орнан.
2 А почна да го гради на вториот ден од вториот месец во четвртата година од своето царување.
3 Основата, положена од Соломон при градењето на домот Божји, беше следна: должина шеесет лакти, по старата мерка, а широчина дваесет лакти;
4 а тремот пред домот беше долг колку ширината на домот дваесет лак­ти, висок, пак, сто и дваесет.
5 А главниот дом го обложи со кипа­рисово дрво, го опкова со чисто злато и изработи на него палми и веришки.
6 Го украси домот со скапоцени камења за да биде убав; а златото беше од Парваим.
7 Го опкова со злато домот, гредите, праговите, ѕидовите негови, прозор­ците и вратите негови, а по ѕидовите изваја херувими;
8 и ја направи двораната на Свети­њата над светињите: должината нејзина според широчината на домот дваесет лакти, и широчината нејзина дваесет лакти; и ја покри со шестотини кикари чисто злато.
9 Тежината на клиновите беше: секој клин педесет шекели злато. И горните одаи ги опкова со злато.
10 А во Светињата над светињите на­прави два херувима од дрво што не гние, резбарска работа, и ги опкова со злато.
11 Крилјата на херувимите им беа во должина дваесет лакти: едното кри­ло, пет лакти, се допираше до ѕидот на до­мот, а другото крило, исто така пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим;
12 исто така и едното крило на другиот херувим, пет лакти, се допираше до ѕидот на домот, а другото крило, пет лакти, се среќаваше со крилото на другиот херувим.
13 Крилјата на херувимите беа раши­рени на дваесет лакти; и тие стоеја на нозете свои со лицето кон храмот.
14 Направи завеса од сина, пурпурна и темно црвена ткаенина и од висон, а на неа извезе херувими.
15 Пред храмот направи два столба, високи по триесет и пет лакти, и капи­тели одозгора секој од по пет лакти.
16 Направи и веришки, како во свети­лиштето, и ги положи врз столбовите; направи и сто нарови, кои ги постави на веришките.
17 Ги постави столбовите пред хра­мот: едниот десно, другиот лево, и десниот го нарече Јахин, а левиот Вооз.